Пресврт по една деценија санкции: Венецуела испрати нафтена опрема на ремонт во САД

За прв пат по повеќе од десет години, Венецуела ја испрати опремата на државната нафтена компанија во Соединетите Американски Држави на ремонт, што отвора простор за обновување на соработката со традиционалните добавувачи по години санкции и недоволно инвестирање во нафтената индустрија, објави  Блумберг, повикувајќи се на документи до кои имаше пристап.

Кон крајот на октомври, претседателот на венецуелската државна нафтена компанија PDVSA, Хектор Обрегон, ја одобри документацијата за извоз на четири гасни генератори и шест гасни компресори до сервисните објекти на Siemens Energy во Хјустон, според документите.

Опремата беше испратена во Хјустон и по ремонтот ќе се користи во областа на езерото Маракаибо, во западна Венецуела, за зголемување на производството на нафта, изјави извор запознаен со операцијата.