Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци

119

Цената на европскиот природен гас денеска падна под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година.

Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра.

Цените на природниот гас драматично се зголемија во текот на минатата година поради руската инвазија врз Украина. Цените достигнаа и повеќе од 300 евра, по долг период кога цените се движеа околу 20 евра за MWh.

Големата зависност од рускиот гас доведе до енергетска криза.

Меѓутоа, во последните месеци цената на природниот гас значително падна. Една од причините за падот е тоа што складиштата за гас се полни, а времето е потопло од вообичаеното.

Сегашниот страв од потенцијална банкарска криза веројатно ќе ги намали цените, бидејќи финансиските кризи генерално имаат негативно влијание врз економијата, што резултира со помала побарувачка за енергија.

Фото: Pixabay