Најбогатиот човек на светот бара работници во БиХ: Ќе решaваaт светски проблеми

113

Американската компанија Тесла, водечки светски производител на електрични автомобили, ја започна својата потрага по работна сила во Босна и Херцеговина, пренесува BiznisInfo.ba.
Тесла бара работници за својата голема фабрика во Берлин, Германија.

Овој пат компанијата бара „техничар за роботика“..

– Тесла претставува една мисија: Забрзување и транзиција кон одржлива енергија. За неколку години беа развиени револуционерни стратегии и производи кои во голема мера беа успешно лансирани на пазарот. Ова е можно само преку исклучителна брзина, иновација и ефикасност. За продолжување на неверојатната успешна приказна на Tesla, сега и во Европа, Gigafactory Berlin е совршената основа. Најважните столбови за ова се нашите вработени. Нивната страст, мотивација и подготвеност го обезбедуваат постигнувањето на нашите цели. Ве замолуваме заедно да ја продолжиме оваа успешна приказна – стои во огласот.

Фото: Facebook