
Американскиот кандидат Аџеј Банга е единствениот предложен за наследник на актуелниот претседател на Светската банка, Дејвид Малпас, соопшти денеска институцијата.
„Управниот одбор доби една кандидатура и прецизира дека Аџеј Банга, американски државјанин, ќе биде земен предвид за таа позиција“, се вели во соопштението на Светската банка.
Досегашниот претседател на Светска банка Дејвид Малпас треба да ја напушти функцијата најдоцна до крајот на јуни, а името на неговиот наследник ќе биде објавено на почетокот на мај.











