
Италија лани извезла вина во вредност од 7,9 милијарди евра, што е за 9,8 отсто повеќе од претходната година и најмногу досега, ги сумираше австриската агенција АПА, податоците од Здружението на италијански винари UIV.
Италијанските винари извезувале најмногу вина во САД, Германија, Велика Британија и Канада.
Во порастот на извозот најмногу придонесе регионот на Венеција, кој го зголеми извозот за 13,4 отсто на 2,8 милијарди евра. Следеа Пиемонт и Тоскана.
Во Италија винскиот сектор има годишен обрт од 31,3 милијарди евра и вработува 870.000 луѓе. Извозот на италијанско вино пораснал за 79 отсто за 12 години.
Минатата година Франција беше најголемиот извозник на вино во светот, извезувајќи вкупно 12,3 милијарди евра.
Винитали, еден од најпопуларните саеми за вино во светот, почна вчера во Верона, Италија. Организаторите очекуваат околу 150.000 посетители, од кои една третина ќе доаѓаат од странство. Ќе се претстават повеќе од 4000 излагачи.











