
На 7 април Централната банка на Турција (ЦБРТ) ги објави најновите мерки за дедоларизација поради падот на вредноста на лирата.
Уделот на хартии од вредност што банките мора да ги поседуваат доколку нивните депозити во лири се меѓу 50 и 60 отсто е зголемен од два на седум процентни поени, пренесува SEEbiz.
Централната банка неодамна посочи дека дополнително ќе ја зајакне својата политика за финансиска стабилност, со оглед на континуираната побарувачка за тврда валута и зголемените приноси на обврзниците и заемите.
Според турскиот весник Дејли Сабах, лирата неодамна благо ослабе во однос на доларот и е стабилна во последните неколку месеци. На 7 април еден долар изнесуваше 19,25 лири. Домашната валута минатата година загуби 30 отсто од вредноста во однос на доларот, или 44 отсто во 2021 година.
Централната банка, исто така, објави дека дополнителни пет отсто задолжителни резерви во лири ќе се применуваат за девизните депозити доколку вкупниот депозит на банката е помал од 60 отсто.
Надлежните органи утврдија неколку чекори за дедоларизација, т.е. како да се поттикнат граѓаните да штедат во лири, да гарантираат компензација за загубите поради падот на вредноста на домашната валута.
Фото: Pixabay











