YouTube почнува да ги филтрира коментарите

44

YouTube-logoСо цел да се отстранат навредливите или бескорисни коментари под видеата и да се подобри нивниот квалитет, Google, како сопственик на YouTube воведува нови алгоритми на прикажување и рангирање. Новиот систем за коментирање, поддржан од Google+, обезбедува нови алатки за модерирање. Приказот на коментари ќе биде персонализиран, па секој посетител почесто ќе ги гледа коментарите на своите пријатели. Прикажаните коментари ќе се сортираат и според навиките на корисникот. За тоа YouTube ќе користи потребни податоци добиени од другите услуги на Google, како Google+ или четот. Ќе бидат дозволени и приватни конверзации во група. Корисниците ќе можат да користат псевдоними.

Исто така, сопствениците на видеата ќе можат на одредени корисници да им забранат оставање на коментари, а нивните коментари (на сопствениците) ќе бидат подобро рангирани. Коментарите ќе можат да се филтрираат според клучен збор, па сопствениците ќе можат полесно да ги елиминираат од приказот.