
Со должина од 2,95 метри, ширина 1,5 метри и висина од 1,5 метри, „Ari 902“ е малку поголем од „Smart ForTwo“.
Модерните автомобили можеби стануваат сè поголеми и поголеми, но тој тренд не важи насекаде. Совршен пример за тоа е „Ari Motors 902“, мал електричен автомобил за Европа кој е наменет за превоз на две лица и лесен градски превоз на товар.
Минијатурното германско електрично возило малку наликува на новиот „Hyundai Kona“ напред, со својата светлосна лента со целосна ширина, додека одзади донекаде наликува на „Smart #1“ благодарение на дизајнот на стоп светлата, но без оглед на неговиот стил, само неговата големина е доволна за да го привлече вниманието на луѓето на улица.
Со должина од 2,95 метри, ширина 1,5 метри и висина 1,5 метри, „Ari“ 902 е малку поголем од „Smart ForTwo“. Сепак, со 766 литри товарен простор, може да транспортира значително повеќе работи од гореспоменатиот микроавтомобил.
Тоа е и за очекување со оглед на тоа што технички се работи за лесно товарно возило со носивост од 190 килограми.
Што се однесува до спецификациите на погонската единица, „Ari 902“ има само 20 КС (15 kW) и нуди максимална брзина од 90 км/ч.
Може да помине 110-200 километри со едно полнење, што всушност е повеќе од многу поголемата електрична „Mazda MX-30“.
Цената започнува од 13.990 евра за основниот модел „Pure“.
Фото: AriMotors











