Нов рекорд: 15 милиони долари за регистарска табличка

Викендов падна светскиот рекорд за најскапа регистарска табличка во светот – во Дубаи. Богаташ на аукцијата излицитирал милиони за својата ВИП табличка.

Минатиот викенд во Дубаи беше поставен нов светски рекорд за цената на една регистарска табличка за автомобил.

Тоа се случи за време на аукцијата одржана во хотелот Four Seasons, во организација на компанијата Emirates Auction и Министерството за транспорт и локални телекомуникации. За време на аукцијата биле продадени неколку слични регистарски таблички, а најголемиот дел од приходите од продажбата биле донирани во хуманитарни цели.

Најголемо внимание привлече регистарската табличка со ознака „Р7“, во чие наддавање учествувале неколку лица, очигледно желни да го надминат претходниот рекорд од 2008 година кога регистрација од соседниот Абу Даби, со ознака „1“, беше продадена за 52,2 милиона дирхами. Така, војната за наддавање достигна сума од 55 милиони дирхами, односно 15 милиони американски долари.

Покрај ова, во понудата имаше и други ВИП-таблички со кратки или интересни алфанумерички комбинации: AA19, AA22, AA80, O71, X36, W78, Y900, Q22222 или Y6666, кои исто така имале астрономски цени. Заедно со табличките се продавале и телефонски броеви. Од оваа аукција беа донирани околу 27 милиони долари за хуманитарни цели во борбата против гладот.
Фото: Facebook