Гејтс и Сорос би ја ладeле Земјата со соларен геоинженеринг

Сè повеќе милијардери покажуваат голем интерес за „соларниот геоинженеринг“.

Меѓу нив се Бил Гејтс, Џорџ Сорос и Дастин Московиц, ко-основачот на Фејсбук.

„Сончев геоинженеринг“ (SRM –  solar radiation management) е контроверзната идеја за ладење на Земјата со различни технологии со цел да се врати сончевото зрачење назад во вселената.

„Потребата“ за овој метод се зголемува бидејќи станува сè поверојатно дека нема да успееме да го одржиме глобалното затоплување под границата од 1,5 Целзиусови степени.

Доколку продолжи сегашното темпо, просечната температура на планетата до крајот на векот ќе достигне 2,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

Предупредувања од научниците
Научниците предупредуваат дека ваквото ниво на глобално затоплување може да предизвика пресвртни точки, што би поттикнало брзи климатски промени.

Кон крајот на февруари, повеќе од 60 истражувачи од истакнати научни институции објавија писмо во кое повикуваат на внимателно и координирано проучување на SRM, како и на теренски експерименти од мал обем. Извештајот на ОН сугерираше дека е дојдено време да се започне со истражување дали SRM може да помогне во борбата против климатската криза, пишува CNBC, пренесува tportal.

И Белата куќа објави во октомври минатата година дека продолжува со петгодишен план за истражување за проценка на начините за модифицирање на количината на сончева светлина што стигнува до Земјата.

Ризик за Земјата
Сепак, стотици климатски научници се цврсто против истражувањето на SRM и неговиот потенцијален развој. Во отворено писмо минатата година, тие повикаа на забрана на соларното геоинженерство, велејќи дека тоа претставува преголем ризик.

SRM опишува збир на хипотетички технологии кои би влијаеле на намалувањето на влезната сончева светлина на Земјата. Меѓу нив се издвојува предлогот за дисперзија на сулфур диоксид во атмосферата, за кој се знае дека има штетно влијание врз животната средина и здравјето на луѓето.

И покрај тоа, некои климатски научници се загрижени дека човештвото ќе ги надмине своите цели за емисии. Тие велат дека е важно дополнително истражување за SRM. Ова би открило како најдобро да се балансираат овие ризици против можниот катастрофален пораст на температурата на Земјата.

Гејтс и Сорос веќе вложија пари
Соларниот геоинженеринг како начин за борба против глобалното затоплување има поддршка од некои од најбогатите луѓе во светот.

Американскиот милијардер Бил Гејтс, на пример, го поддржа проектот на научниците од Универзитетот Харвард. Тие ја тестираат идејата за прскање на калциум карбонат во атмосферата на небото над северна Скандинавија во 2021 година. Проектот на крајот беше отфрлен по негодувањето од локалните домородни групи и еколозите.

Коосновачот на Фејсбук, Дастин Московиц, инвестираше 900.000 долари во финансирање на научниците во Мали, Бразил, Тајланд и други земји за да ги проучат потенцијалните ефекти од сончевиот геоинженеринг.

Унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос неодамна ја поддржа идејата на британскиот научник Дејвид Кинг на Меѓународната безбедносна конференција во Минхен. Тој би го разладил Арктикот со вештачки создавање облачен систем, пренесува tportal.

Фото: Pixabay