Kолку заработи лани првиот човек на НЛБ

326

Блаж Бродњак, претседателот на Управниот одбор на Нова Љубљанска банка (НЛБ), која е присутна во целиот регион, лани имал бруто приход од 648 илјади евра, објави весникот „Finance“, пренесува Investitor.

Според овој весник, неговите приходи се за 12,3 отсто поголеми од претходната година.

Блаж Бродњак е претседател на Управниот одбор на Нова Љубљанска банка од 6 јули 2016 година.

Претходно, од 1 декември 2012 година, тој беше член на Управниот одбор на НЛБ задолжен за бизнис со големи компании, бизнис со граѓаните и приватно банкарство.

Својата банкарска кариера ја започнал во 2000 година, бил на различни позиции во Hypo Alpe-Adria-Bank, BAWAG bank, Raiffeisen bank, Bank Austria Creditanstalt d.d., Austrian Anadi Bank AG, KBS bank, а бил и во менаџмент на неколку компании.

Фото: Facebook