
Американската банка Голдман Сакс оствари нето добивка од 3,1 милијарди долари (2,83 милијарди евра) во првиот квартал, што е за 19 отсто помалку во однос на истиот период во 2022 година.
Приходите на банката се намалени за пет отсто, на 12,2 милијарди долари (11,1 милијарди евра). Полоши резултати се поврзани и со загубата од продажбата на портфолиото на интернет банката Маркус.
Како што јави француската новинска агенција АФП, Голдман Сакс беше жртва на пад на големите корпоративни трансакции во првиот квартал поради спојувања и преземања.
Во светло на неодамнешниот колапс на SVB, извршниот директор на банката, Дејвид Соломон, ја истакна отпорноста на Голдман Сакс на предизвиците во средината во која работи.
И некои други големи банки, вклучувајќи ги JPMorgan Chase и Citigroup, ги објавија своите квартални деловни резултати во САД во последните денови. Сите пријавиле поволни деловни бројки.











