За прв пат Пакистан нарача сурова нафта од Русија по намалена цена

Пакистанскиот министер за нафта Мусадик Малик објави дека неговата земја првпат нарачала сурова нафта од Русија по намалена цена.
Според договорот меѓу Исламабад и Москва, Пакистан ќе купува само сурова, а не рафинирана нафта, објави Ројтерс.

Ако првата трансакција се одвива без проблеми, Пакистан ќе увезува 100.000 барели сурова нафта дневно од Русија, рече Малик.

Нафтениот брод ќе влезе во пакистанското пристаниште Карачи во мај, се додава во соопштението.

Фото: Pixabay