
Според досегашниот број на туристи и најави, Црна Гора и претстои многу успешна туристичка сезона, изјави претставничката на Националната туристичка организација (НТО), Милена Вујовиќ.
Таа потсети дека, според податоците доставени од локалните туристички организации до Националната туристичка организација (НТО), во четвртокот во Црна Гора престојувале 29.000 туристи, што е за 50 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2019 година, пренесува Мина.
Она што особено не охрабрува во овој момент е доброто искористување на хотелските капацитети во текот на април, како и добрите најави за мај“, рече Вујовиќ и додаде дека тоа се секако добри показатели и успешна претсезона.
Според неа, НТО направил напори да ја позиционира Црна Гора како дестинација во текот на целата година и во оваа насока охрабруваат меѓународните истражувања како што е истражувањето на ИТЦ, што покажува дека Европејците се повеќе сакаат да патуваат надвор од главната сезона.
И хотелиерите се на мислење дека на Црна Гора и претстои успешна летна туристичка сезона“, изјави Вујовиќ и рече дека најавите се многу подобри во однос на претходната година, а некои хотели веќе се целосно резервирани за јуни, јули и август.
Вујовиќ рече дека во моментов најбројни туристи во Црна Гора се од регионот, но дека се забележани и голем број туристи од Турција, Германија, Австрија, Полска и Чешка.
„Кога станува збор за продолжението на сезоната, што се однесува до најавите, очекуваме голем број туристи од Казахстан, балтичките земји, Египет како и Скандинавија, сето тоа се пазари со кои имаме добри воздушни врски. “ изјави Вујовиќ.











