Депозитите во американските банки се намалени за цели 76,2 милијарди долари

Депозитите во американските банки паднаа минатата недела, што покажува дека финансискиот систем и понатаму е ранлив по серијата банкарски неуспеси.

Депозитите паднаа за 76,2 милијарди долари во неделата што заврши на 12 април, според сезонски прилагодените податоци на Федералните резерви објавени во петокот.

Падот е најмногу кај големите и странските институции, но и кај малите банки, пренесува SEEbiz.