Извршниот и финансиски директор на SVB Group поднесoa оставка

Финансиската групација SVB соопшти дека нејзиниот извршен директор Грег Бекер и главниот финансиски директор Даниел Бек поднеле оставки, јавуваат американските медиуми.
Во исто време, Бекер остана консултант на SVB на барање на компанијата, а неговата работа ќе биде „по потреба, без никакви трошоци за компанијата“.

SVB Financial, матичната компанија на Silicon Valley Bank, соопшти дека нејзиниот комитет за реструктуирање го именувал Николас Гроси од Чикаго Алварез и Марсал за привремен главен финансиски директор. Во март, SVB ја ангажираше таа консултантска агенција за да им помогне да се реструктуираат по колапсот.

Банкарските регулатори ја затворија SVB во средината на март.