
Првиот човек на Tesla, Илон Маск, ги потсети инвеститорите на зголемениот предизвик во производството на електрични возила, а тоа е да се обезбедат доволно количества литиум за батериите на овој тип на автомобили.
– Акцентот е многу повеќе на рафинирањето на литиум отколку на неговото ископување. Има литиум, само се работи за создавање капацитет за рафинирање – рече тој.
Маск истакна дека Тесла има план да отвори рафинерија за литиум во Тексас, а работата треба да започне во мај.
Маск ја искористи можноста да ги покани претприемачите да преработат што е можно повеќе од овој минерал, кој се користи за производство на батерии за електрични возила, пишува Yahoo finance.
– Наместо да креирате апликација за споделување фотографии, ве молиме свртете се на обработка на литиум – рече тој.
Литиумот игра клучна улога во производството на сите видови литиум-јонски батерии кои ги напојуваат електричните автомобили и се произведува најмногу во Австралија, Чиле и Кина.











