Во случај на војна на Тајван, би настанал хаос во светската трговија – еве како

102

Повеќе од 40 отсто од глобалната трговија ќе биде нарушена во случај на војна во Тајван, што ќе доведе до катастрофални последици за целиот свет, изјави министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву.

– Повеќето земји се сигурни дека оваа ескалација нема да се случи, бидејќи тоа би било катастрофа не само за Тајван туку и за Кина и за целиот свет. Економските последици би биле огромни. Погледнете ја локацијата на Тајван, повеќе од 40 отсто од стоките што се испраќаат низ светот минуваат низ Тајванскиот теснец – рече Ву.

Тој додаде дека Тајван произведува повеќе од 60 отсто од светските чипови и 90 отсто од најнапредните полупроводници.

– Војна во Тајван би довело до нарушување на повеќе од 40 отсто од глобалната трговија – изјави функционерот за шпанскиот весник „АБЦ“.

Во случај на ескалација на ситуацијата околу островот, може да избие трета светска војна, смета Ву.