Криптозимата заврши: Биткоин до 100.000 долари до 2024 година?

Најголемата криптовалута Биткоин би можела да достигне 100.000 долари до крајот на 2024 година. Биткоинот би можел да се зголеми благодарение на факторите како што се неодамнешните превирања во банкарскиот сектор и стабилизирањето на ризичните средства, бидејќи Федералните резерви на САД го завршуваат циклусот на зголемување на стапката, при што криптоминирањето станува попрофитабилно, истакна шефот за истражување на дигитални средства на Standard Chartered, Џеф Кендрик.

„Иако остануваат изворите на несигурност, мислиме дека патот до нивото од 100.000 долари станува се поизвесен“, напиша Кендрик.

Биткоинот веќе порасна оваа година, искачувајќи се над 30.000 долари во април – прв пат по десет месеци. Добивката претставува делумно закрепнување откако трилиони долари беа избришани од крипто секторот во текот на 2022 година, откако централните банки ги зголемија каматните стапки и исчезнаа повеќе крипто фирми.

Аналитичарот на Citi во ноември 2020 година рече дека Биткоинот може да се искачи до 318.000 долари до крајот на 2022 година. Минатата година падна за околу 65% на 16.500 долари.

Фото: Pixabay