
Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објави дека вкупниот извоз на нафта на Русија се зголемил за 600.000 барели дневно на 8,1 милиони барели дневно (во март), пишува магазинот „Неделја“.
Приходите од извозот изнесуваат 12,7 милијарди долари, што е за 43 отсто помалку од претходната година. Приходите од извозот сепак се зголемија за една милијарда долари на месечна основа, бидејќи Русија во февруари заработи 11,6 милијарди долари од извозот на нафта.
Според ИЕА, повисокиот приход е резултат на зголемувањето на извозот на нафтени деривати, кои се вратија на нивоата пред Ковид. Извозот на сурова нафта се зголеми за 100.000 барели на пет милиони барели дневно, при што Индија ја замени Кина како главна дестинација за руските испораки во Азија во март.
Фото: Pixabay











