
Во изминатата година биле вработени 75 отсто од граѓаните на ЕУ на возраст од 20 до 64 години, што е највисоко од почетокот на мерењето во 2009 година.
Овој процент значи дека во 2022 година во ЕУ биле вработени 193,5 милиони луѓе, објави Евростат.
Во 11 земји од ЕУ е забележана стапка на вработеност повисока од 78 отсто, а најдобри резултати има Холандија, која имала стапка на вработеност од 83 отсто, а потоа следат Шведска и Естонија со по 82 отсто, јави Танјуг.
Најниски стапки на вработеност се забележани во Италија – 65 отсто, потоа Грција со 66 отсто и Романија со 69 отсто. Во ЕУ, 22 отсто од вработените се преквалификувани за нивната работа.
Најмногу преквалификувани се во Шпанија – 36 отсто, потоа Грција и Кипар со по 32 отсто, а најмалку во Луксембург – 7 отсто, како и во Шведска, Данска, Унгарија и Чешка, земји со 14 отсто преквалификувани. Во 19 од 27 земји, повеќе жени се преквалификувани отколку мажи.
Преквалификација е терминот за ситуацијата кога лицата со високо образование (ISCED нивоа 5-8) работат на позиции за кои не е потребно такво ниво на образование.











