ММФ: Русија е поотпорна од очекуваното

Руската економија ги надмина надворешните притисоци подобро од очекуваното, се вели во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

“Руската економија е поотпорна на санкциите  отколку што првично очекуваа многу експерти. Економијата по наглиот пад во вториот квартал минатата година, опорави во третиот и четвртиот квартал намалувајќи го падот на производството во 2022. за околу 2,1%“, пишува во документот.

Неочекувано добрите резултати на Русија на крајот на минатата година се поврзани со стабилен извоз на нафта. Дополнително, поради растот на цените и одржувањето на обемот на трговијата, нафтената и гасната индустрија оствари рекорден профит.

ММФ смета дека во 2023 година ќе има нагло намалување на даночните приходи поради падот на цените на нафтата и гасот и намалувањето на обемот на продажбата, но ќе има зголемување на БДП за 0,7 отсто.