
Станува збор за најскапото Volvo досега, со шестцифрена цена.
EX90 е првиот голем SUV од Volvo со електричен погон, а како што стојат работите, воедно и пазарен хит на Volvo кој се појави по многу успешниот XC60. Новитетот буквално го освои пазарот, дури до одреден степен го изненади и самиот производител.
Верувале или не, целото овогодишно производство е распродадено, а од компанијата велат дека одговорот на пазарот ги надминал најхрабрите и најамбициозните внатрешни предвидувања. Затоа шведскиот производител е принуден да ги прекине нарачките до натамошно известување, односно додека не се намали листата на чекање.
Volvo EX90 ја користи механичката платформа SPA2, наменета за електрични модели, како и Polestar 3.
Volvo EX90 стартува со цена од 102.300 евра во Германија.
Фото: Facebook











