Завршува проектот КОКУРТ за обука на невработени

49

Во просториите на Стопанска комора денес ќе се одржи завршна конференција по проектот КОКУРТ Создавање услови за користење на Европските реформски алатки за пазарот на труд во Македонија преку трансфер на словачко искуство.

Двегодишниот проект за подготовка на невработените преку советување и кариерно насочување до вработување беше реализиран од страна на организацијата на работодавачи на Македонија -ОРМ и Центарот за економски и социјален развој – ЦЕСОР во сoработка со Регионалната развојна агенција од братиславскиот регион од Словачка.

Партнерството меѓу ОРМ и јавниот сектор – АВРМ овозможи преку анализа на податоците за пазарот на трудот, подготовка на професионална програма за обука на професионалци од словачките експерти, со студиската посета во Словачка на обучените обучувачи да се реализираат обуки на млади невработени лица во четири центри низ Македонија.

Проектот овозможи поврзување на работодавачите, граѓанскиот сектор, агенцијата за привремени вработувања и јавниот сектор- АВРМ преку Центрите од Штип, Скопје, Велес, Битола и Струмица, обучените обучувачи да го пренесат словачкото искуство во подготовка на невработените полесно да дојдат до своето вработување.