
Бугарското Министерство за финансии денеска соопшти дека земјата е подготвена да го воведе еврото најдоцна до 2025 година.
Според информациите, за ова било разговарано на средбите на министерката за финансии Росица Велкова со претседателот на Еврогрупата Паскал Донаху и европскиот комесар Валдис Домбровскис за време на состанокот на ЕКОФИН на 27 и 28 април, пишува Новините.
– Членството во еврозоната е приоритет за нашата земја. Продолжува активната работа на државата на подготовките за усвојување на единствената европска валута, како во техничката, така и во законодавната област – се наведува во соопштението.











