Компаниите кои развиваат вештачка интелигенција се одговорни за безбедноста на корисниците

41

Американската потпретседателка Камала Харис рече дека извршните директори на технолошките компании, вклучувајќи ги Мајкрософт и Гугл, имаат „правна одговорност“ да ја осигураат безбедноста на нивните производи со вештачка интелигенција (AI).

Харис додаде дека и таа и претседателот Џозеф Бајден се отворени за унапредување на новите прописи и поддршка на новите закони за вештачка интелигенција, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека Белата куќа била домаќин на извршните директори на врвни компании кои развиваат вештачка интелигенција за да разговараат за ризиците и заштитните мерки бидејќи технологијата го привлекува вниманието на владите и законодавците ширум светот.

Интересно е што Џефри Хинтон, човекот кој го „кумуваше“ развојот на вештачката интелигенција (AI), предупреди на опасностите од неа.