Google со краток тизер го најави смартфонот на преклоп Pixel Fold

115

Google конечно ги потврди гласините и официјално го објави доаѓањето на својот смартфон на преклоп наречен Pixel Fold.

За време на својата I/O 2023 конференција, Google прикажа краток тизер кој ја најави презентацијата на својот прв телефон што се преклопува, Pixel Fold, на 10 мај.

Насловот на тизерот, May The Fold Be With You, е игра на зборови на репликата „May The Force Be With You“ од популарната франшиза Star Wars, чии фанови го присвоијаа 4 мај како ден на Star Wars, со поздравот May The Forth Be With You.

Сè уште нема детали за самиот уред, но тизерот покажува дека се отвора слично како Galaxy Z Fold уредите на Samsung. Исто така, клипот го прикажува изгледот на внатрешниот екран.

Модулот на камерата на задната страна на телефонот е сличен на оние на другите уреди Pixel, но не е толку истакнат.

CNBC во април објави дека Pixel Fold ќе биде 5,6-инчен телефон кој се трансформира во 7,6-инчен таблет. Ќе се напојува со процесорот Tensor G2 на Google и ќе ја содржи „најиздржливата шарка што некогаш е видена на преклопен уред“. Цената на уредот ќе биде нешто повеќе од 1.700 долари, додека најновиот преклопен уред на Samsung Galaxy Z Fold 4 чини 1.799 долари.

Многумина очекуваа да го видат Pixel Fold минатата година, но тој не се појави на конференцијата I/O 2022. Сепак, гласините продолжија да кружат бидејќи Google се фокусираше да ги научи програмерите на Android да ги приспособат своите апликации за да бидат компатибилни со преклопн уреди и поголеми екрани. Ова би можело да се исплати следната недела, односно на 10 мај, кога компанијата ќе го претстави смартфонот Pixel Fold, како и новиот таблет Pixel.