Кинеските автомобили го освојуваат рускиот пазар

66

Кинеските производители на автомобили забрзано го освојуваат рускиот пазар по егзодусот на европските, американските, јапонските и јужнокорејските производители.

Кина се вклучи за да ја пополни празнината создадена со повлекувањето на познатите странски брендови откако западните сили воведоа економски санкции кон Москва поради инвазијата на Украина во 2022 година.

Пазарната анализа на една француска консултантска компанија покажа дека кинеските производители на автомобили моментално имаат удел од 42 отсто од продажбата на нови автомобили во Русија.

По почетокот на војната во Украина, според експертите од автомобилската индустрија, рускиот пазар падна од просечни 140.000 продадени возила месечно на околу 40.000 месечно.

Руските производители на автомобили добро се држат и покрај големите турбуленции, оцени Иновев.

Кинеските марки продале 64.432 автомобили во првиот квартал од оваа година, покажуваат податоците на Иновево.

За споредба, во истиот период лани биле продадени 24.734, а во првиот квартал од 2021 година биле продадени 18.981, соопштија од компанијата.