Twitter Alerts како помош во случај на природни катастрофи и вонредни ситуации

38

tviter alertsТвитер воведува нова услуга за брзо примање на информации при вонредни ситуации. Twitter Alerts ќе овозможи твитовите на организациите да се истакнат кога другите начини на комуникација се недостапни. Опцијата ќе се активира во моменти на кризи и катастрофи и ќе служи како средство за информирање за опасности, ќе дава упатства за преживување, информации за евакуации и ќе ги наведува граѓаните на безбедни локации.

“Знаеме колку им е важно на нашите корисници да добиваат проверени информации во такви моменти. Twitter Alerts е нов начин на примање прецизни и важни информации во моменти кога најмногу ви требаат”, изјави Габи Пена, директорка на одделот за развој.

Откако корисникот ќе се претплати на твитовите на некоја организација, тие ќе му стигаат преку СМС пораки. Доколку корисникот има твитер апликација за iOS или Андроид оперативни системи, освен СМС пораки ќе му стигаат и push нотификации со икона портокалово ѕвоно.

Во Twitter Alerts програмата до сега се вклучени преку 100 владини и невладини организации од САД, Јапонија и Јужна Кореја, а планот е да се вклучат уште организации и јавни установи од целиот свет.