За време на објавувањето на најновите деловни резултати, Тим Кук одговараше на прашања на новинарите, а некои од тие прашања беа поврзани со моменталниот најголем тренд на технолошкиот пазар – вештачката интелигенција.
Со оглед на тоа што Apple е познат по својата тајност и дека во јавноста не откриваат детали од нивните планови пред официјалните соопштенија, јасно е дека првиот човек на компанијата не зборувал за конкретните работи што ги подготвуваат, но сепак дал до знаење дека Apple нема намера да заостанува премногу зад конкурентите.
Потенцијалот на оваа технологија е исклучително голем, нагласи Кук и потсети дека веќе користат вештачка интелигенција во некои од нивните производи како што се откривање на судар и следење на отчукувањата на срцето. Во иднина, секако, ќе продолжат да ја имплементираат оваа технологија во своите производи, а ќе биде интересно да се види какви нови можности ќе донесе вештачката интелигенција на телефоните, часовниците и другите гаџети со логото на Apple.