Просечната нето плата во јули годинава изнесувала 21.013 денари, додека бруто платата 30.851 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, нето платата е зголемена за 1,15%, а бруто платата за 1,35%.
Зголемувањето се должи на порастот на платите во секторите Рударство и вадење камен за 8,5%, Градежништво за 7,6% и Транспорт и складирање за 6,1%.
Намалување на просечната месечна нето плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Административни и помошни услужни дејности за 3%, Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 2,2% и Информации и комуникации за 1,9%.
Во јули 2013 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.