Како да преговарате со некој помоќен од вас?

274

Во преговорите двете страни го поседуваат токму тоа што другата страна го сака. Секоја страна поседува одредена преговарачка моќ.

Преговорите со некој што има поголема моќ од вас може да бидат застрашувачки.

Без разлика на тоа дали го прашувате вашиот шеф за нова задача или се обидувате да направите поголема бизнис-зделка со клиент, вашиот пристап во преговорите може драматично да влијае врз  шансите за успех. Како на најдобар начин да го добиете тоа што го сакате?

Пред да ги започнете преговорите темата треба јасно да биде утврдена. Запрашајте се – зошто преговарате, која е целта на преговорите и обидете се да дознаете повеќе за личноста со која преговарате.

Што велат експертите

„Често пати може да се пронајде сила во слабоста“, вели Маргарет Нил, професор по менаџмент на Училиштето за бизнис при „Стенфорд“. Моќта на една личност ја намалува способноста за разбирање на другата личност. На тој начин вие ја преценувате неговата моќ, а ја потценувате својата. Еве како можете да преговарате за успех.

Подгответе се

Често пати се плашиме од заканите на конкуренцијата. Се грижиме дека постојат други пет кандидати кои се подобри од нас, така што ги намалуваме нашите барања. Преговарајте, без разлика на тоа дали овие грижи се вистински, и запомнете дека и вие имате вештини и експертиза кои другите кандидати ги немаат.

Знајте ги и вашите цели, но и нивните

Направете листа за тоа што сакате од преговорите, и зошто. Оваа вежба ќе ви помогне да одлучите што би предизвикало да си одите, за да изградите подобра стратегија со прифатливи услови. Но, важно е да откриете што ѝ е важно на другата страна. Со проучување на мотивацијата, пречките и целите на конкуренцијата, можете да се подобрите себеси.

Слушајте и поставувајте прашања

Две од најмоќните стратегии што можете да ги примените е да слушате добро и да поставувате прашања.