Прва држава што го забрани ТикТок за сите жители – казна до 9.000 евра на ден за прекршување на нормата

151

Гувернерот Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на ТикТок во Монтана, со што стана првата држава што целосно ја забрани апликацијата во САД.

Pепубликанскиот гувернер го потпиша законот во средата, велејќи дека забраната има за цел да ги заштити граѓаните од странско влијание, бидејќи ТикТок е во сопственост на „Бајтденс“ со седиште во Пекинг.

„Косристењето на ТикТок од страна на Кинеската комунистичка партија за шпионирање на Американците, кршење на нивната приватност и собирање на нивните лични, приватни и чувствителни информации е добро документирана“, се вели во соопштението на Џанфорте. „Денес, Монтана ја презема најодлучната акција од која било држава за да ги заштити приватните податоци и чувствителните лични податоци на Монтанците од собирање од страна на Кинеската комунистичка партија“.

Акцијата на државата следи по напорите во Конгресот, вклучително и двопартиски нацрт-закон во Сенатот, насочен кон ТокТок и други апликации од странски противници. Но, моментумот заглави во последниве недели откако либертаријанските членови како Ранд Пол (републиканец) и прогресивните демократи како Александрија Окасио-Кортез (демократ) се изјаснија против забраната.

Забраната ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, доколку судовите не постапат прво, а сите продавници за апликации што ќе понудат ТикТок на 1,1 милион жители на државата, ризикуваат да се соочат со казни што ги спроведува Министерството за правда во Монтана. Таа казна започнува со почетна казна од 10.000 долари( околу 9.000 евра) по прекршување, а потоа и 10.000 долари на ден кога прекршувањето продолжува.