Јелен на состанок со банкарите: Непокачувањето на плафонот на американскиот долг би било „катастрофално“ за финансискиот систем

22

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен  им порача на лидерите на водечките светски банки дека непокачувањето на горната граница на јавниот долг на САД ќе биде „катастрофално“ за финансискиот систем и повтори дека прашањето треба да се реши без одлагање.

Јелен нагласи „дека е  неопходно Конгресот да се справи со лимитот на долгот и ги нагласи реалните и сериозни последици од неисполнување на обврските врз банкарскиот систем и домашната и глобалната економија“, се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД, објавено по нејзината средба со повеќе од дваесет извршни директори, службеници и други менаџери, свикана од Институтот за банкарска политика.

На средбата со Јелен, покрај другите, учествуваа и претставници на JP Morgan Chase, Citigroup и Централната банка на САД.