
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2023 година, изнесува 34. 925 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2023 година, во однос на март 2022 година, изнесува 112.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.8 %), Образование (15.0 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
(14.9 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14.6 %), Преработувачка индустрија (6.4 %) и Уметност,забава и рекреација (5.4 %).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2023 година, во однос на март 2022 година, изнесува 112.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (20.4 %), Образование (15.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
(15.3 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.0 %), Преработувачка индустрија (6.6 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.4 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2023 година, изнесува 52 318 денари.











