Украл 570.000 евра благодарение на вештачката интелигенција

55

Во Кина, крадец искористи вештачка интелигенција за да го промени својот изглед и да се претстави како пријател на бизнисмен од кого извлече повеќе од половина милион евра, соопштија властите.

Жртвата, познат само по презимето Гуо, рече дека добил видео повик од лице кое има неверојатна сличност со неговиот пријател во лицето и гласот.

Но, лицето со кое разговарал бил измамник кој користел технологија за вештачка интелигенција за да го промени својот изглед.

Крадецот го уверил Гуо дека итно му требаат пари за да ја плати гаранцијата за јавниот тендер и успеал да го убеди Гуо да му плати 570.000 евра од банкарската сметка на неговата компанија.

“За време на видеоповикот бев сигурен дека тоа е лицето и гласот на личност која ја познавам и не се посомневав во ништо“, рече претприемачот.

Откако ја изврши уплатата, Гуо испрати СМС порака на пријателот чиј идентитет го украл крадецот.

Кога ја видел реакцијата на својот пријател, кој очигледно не знаел за трансакцијата, претприемачот сфатил дека е измамен и повикал полиција.