
Личните трошоци во Соединетите Американски Држави (САД) се зголемија повеќе од очекуваното во април, зголемувајќи ги изгледите за економскиот раст во вториот квартал.
Во исто време, инфлацијата се зголеми, што може да значи дека американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), би можела да ги задржи каматните стапки повисоки некое време, пренесува SeeBiz.
Личната потрошувачка скокна за 0,8 отсто минатиот месец, објави американското Министерство за трговија во петокот, додека бројката во март беше ревидирана нагоре на 0,1 отсто.
Економистите анкетирани од Ројтерс прогнозираа зголемување на личните трошоци за 0,4 отсто, што претставува повеќе од две третини од економската активност на САД.
Личната потрошувачка беше поддржана од силниот раст на платите, со оглед на многу ниската стапка на невработеност на пазарот на трудот, но сепак забави по силниот раст во јануари, бидејќи просечниот потрошувач стана почувствителен на повисоки цени.
Се намалуваат и владините социјални бенефиции, а се верува дека повеќето домаќинства со пониски приходи имаат исцрпени заштеди акумулирани за време на пандемијата на коронавирус.
Кредитните услови, исто така, се влошија по зголемувањето на каматните стапки за 500 базични поени од март минатата година, кога ФЕД ја започна својата агресивна кампања за затегнување на монетарната политика.
Исто така, банките го заоструваат кредитирањето по неодамнешните превирања на регионалниот банкарски пазар.











