Google веќе го распродаде најскапиот телефон, кој сè уште не е во малопродажба

107

Google Pixel Fold сега е достапен за преднарачка, но изгледа дека врвниот модел со 512 GB простор официјално го нема на залиха во САД.

Моделот со 512 GB е достапен само во Obsidian црна боја и покрај цената од 1.919 долари (1.899 евра), се чини дека е моделот што предизвикува најголем интерес кај купувачите.

Официјалната продавница на Google сè уште го има на залиха Pixel Fold од 256 GB во Obsidian и Porcelain нијанси.

512 GB Pixel Fold сè уште е достапен за преднарачка во Обединето Кралство, Германија и Јапонија. Телефонот ќе биде пуштен во малопродажба на 27 јуни.

За потсетување, првиот телефон со преклоп на Google  – Pixel Fold – се напојува со чипот Tensor G2, истиот процесор кој ја напојува серијата Pixel 7 и има импресивен систем со три камери на задната страна.