
Сенатот на американскиот Конгрес усвои закон поддржан од американскиот претседател Џозеф Бајден, со кој се зголемува горната граница на државниот долг од 31,4 трилиони долари, со што се елиминира неисполнувањето на финансиските обврски на владата.
Сенатот во четвртокот гласаше со 63 против 36, а Претставничкиот дом го усвои законот во средата.
Министерството за финансии предупреди дека нема да може да ги исполни сите свои обврски од 5 јуни доколку Конгресот не дејствува дотогаш. Бајден ја пофали навремената акција на Конгресот, објави Ројтерс.
– Овој договор меѓу демократите и републиканците е голема победа за нашата економија и американскиот народ – се вели во соопштението на Бајден и најави дека ќе го потпише законот што е можно поскоро.
Бајден беше директно вклучен во преговорите за законот со претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти.
– Во наредните месеци републиканците во Сенатот ќе продолжат да работат на обезбедување заедничка контрола на несовесното трошење од страна на демократите – изјави лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.
Меконел мислеше на 12 закони на кои Конгресот ќе работи во текот на летото за да ги финансира владините програми во фискалната година што започнува од 1 октомври кој ќе содржи упатство за лимитот на долгот.











