
Ербас е блиску до затворање на потенцијално рекорден договор за продажба на 500 авиони А320 на најголемиот индиски превозник IndiGo, соопштија извори од авијациската индустрија.
Европскиот производител на авиони се појави како фаворит за нарачката, рекоа извори на маргините на состанокот на воздухопловната индустрија во Истанбул, објави Ројтерс.
Таков договор би бил вреден максимум 50 милијарди долари врз основа на неодамна објавениот ценовник на Ербас, но вообичаено вреди помалку од половина од таа сума поради вообичаените попусти на авиоиндустријата за големи зделки, наведува британската агенција.
Ербас и Боинг, исто така, сè уште се натпреваруваат во одделни разговори за продажба на 25 авиони А330 нео или Боинг 787 на IndiGo, велат изворите.
Извршниот директор на IndiGo, Питер Елберс, кој присуствува на годишниот состанок на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт во Истанбул, одби да коментира за комерцијални прашања.











