Цените на нафтата почнаа да растат! Новиот потег на Саудиска Арабија носи пресврт на пазарот на „црното злато“

Цените на нафтата пораснаа по одлуката на Саудиска Арабија, која го предводеше ОПЕК, да го намали производството за уште еден милион барели дневно.

Во неделата, Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините партнери (познати како ОПЕК +) не ги променија планираните намалувања на производството на нафта до крајот на годината. Сепак, најголемиот светски извозник на нафта, Саудиска Арабија, најави натамошни доброволни намалувања на производството кои ќе бидат спроведени од јули.

Производството во кралството ќе падне на 9 милиони барели дневно од околу 10 милиони барели во мај, соопшти саудиското Министерство за енергија.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 1,30 отсто, на 77,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,46 отсто, на 72,75 долари.