Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во септември 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на трошоците на животот 100.2.
Порастот на индексот на трошоците на животот од 0,2% во септември 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на алкохолните пијалаци за 1,2%, рибата за 0,8%, преработките од млеко за 0,7%, преработките од овошје за 0,3%, сушеното овошје и свежото месо за 0,2%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај лековите и помагалата за 6,4%, авионскиот превоз на патници за 5,2%, средствата за образование за 3,3%, течните горива и гасот за домаќинствата за 3,1%, цврстите горива за 2,7%, нафтените деривати за 1,6%, облеката, обувките и електричните апарати за домаќинстата за 0,4% и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,3%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2013 година, во споредба со претходниот месец е забележано кај овошјето за 3,1%, производите од жито за 1,2%, зеленчукот за 0,7%, преработките од зеленчук за 0,3 %, преработките од месо, преработките од риба, јајцата и другите прехранбени производи за 0,2%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај туристичките аранжмани за 12,3%, средствата за хигиена за 0,6%, услугите за сместување за 0,3%, мебелот и садовите и приборот за домаќинствата за 0,2%.
Индексот на цените на мало во септември 2013 година, во споредба со септември 2012 година, бележи пораст од 0,7%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 1,6%.