Слаба заработка: Нафтен гигант се повлекува од три европски земји

Нафтениот гигант „Шел“ објави дека се повлекува од малопродажбата на енергетски производи во три европски земји поради слаба заработка.

Мултинационалната нафтена компанија, основана во Обединетото Кралство и со седиште во Холандија, прецизираше дека се повлекува од продажбата на мало во Велика Британија, Германија и Холандија.

Извршниот директор Ваел Саван, веднаш по преземањето на кормилото на компанијата, во јануари започна стратешка анализа на малопродажниот бизнис во Европа, наведувајќи ги како причина „тешките пазарни услови“.

„Таа анализа сега е завршена, а резултатот е нашиот план за повлекување од тие бизниси. Процесот на продажба е веќе во тек. Нашата намера е да постигнеме договор со потенцијален купувач во наредните месеци“, се вели во соопштението на „Шел“.

Трговија на големо со продажба на енергија на компании и снабдување на мали и средни компании под брендот „Шел енерџи“, односно малопродажба на енергетски производи за домаќинства на локации надвор од Европа, нема да бидат дел од потенцијалната продажба.

Ројтерс минатиот месец објави дека трите најголеми британски снабдувачи со електрична енергија покажале интерес да го преземат малопродажниот бизнис на Шел во Велика Британија.

Инаку, „Шел“ во 2012 година беше најголемата компанија во светот според приходите.