
Иако крајот на доларот сè уште не е на повидок, во светската економија се акумулираат знаци на дедоларизација, сметаат стратезите на најголемата американска банка „ЈП Морган“.
Како што истакнуваат за Ројтерс финансиските стратези на Волстрит, Мира Чандан и Октавио Попеску, употребата на доларот на глобално ниво сè уште не е поместена од својата историска позиција, но работите не се баш така „зад сцената“.
„Дедоларизацијата е забележана во девизните резерви каде што учеството (на доларот) падна на рекордно ниско ниво, бидејќи неговото учество во извозот опаѓа“, велат стратезите, но забележуваат и дека употребата на доларот „продолжува да расте на стоковниот пазар“.
Влијанието на наглото зголемување на каматните стапки во САД и наметнувањето санкции за земји како Русија ги натера земјите од БРИКС, односно Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, да се спротивстават на хегемонијата на американската валута, потсетува агенцијата.
Според проценката на JP Morgan од понеделникот, уделот на американскиот долар во светскиот извоз падна на рекордно ниско ниво од девет отсто, додека кинеската валута достигна рекордно високо ниво од 13 отсто.
Учеството на доларот во девизните резерви на централните банки во светот падна на рекордно ниско ниво од 58 отсто, иако и понатаму претставува најзастапена валута на глобално ниво.
Но, и „ЈП Морган“ посочува дека јуанот како девизна резерва е прифатен во ограничен обем, оценувајќи дека тоа нема многу да промени во иднина со оглед на ригорозната контрола на кинеските власти.











