Може ли вештачката интелигенција целосно да ја замени работната сила?

72

Како вештачката интелигенција ќе влијае на работата во иднина? Дали на крајот ќе замени милиони работници од различни индустрии? Според истражувањето на консултантската куќа Ернст и Јанг (EY), мнозинството германски граѓани веруваат дека нема, но значителен дел веруваат дека ќе го направат тоа.

Имено, повеќе од две третини од испитаниците, 67 отсто, не веруваат дека вештачката интелигенција некогаш целосно ќе ги замени луѓето. Од друга страна, речиси секој четврти признал дека се плаши токму од тоа.

Повеќе од две петтини, 43 отсто, веруваат дека вештачката интелигенција ќе им ја олесни работата на луѓето.

Во април, EY анкетираше 1.000 граѓани за вештачка интелигенција.

Широкиот опсег на апликации на вештачката интелигенција создава потенцијал за револуција во работата, рече Олаф Ридел, аналитичар во EY, бидејќи создава можности за економијата, работниците и клиентите.

„Јасно е, сепак, дека тоа ќе го промени пејзажот на пазарот на трудот, дека ќе се појават некои нови работни места, а некои стари работни места ќе исчезнат“, додаде Ридел.

Клучна претстојна задача е навремена подготовка на општеството за образование и преквалификација, потенцира експертот.