
На светските пазари цените на нафтата паднаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи забавува растот на најголемите светски економии, што ќе ја ослаби побарувачката за црно злато. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се лизна за 1,6 отсто, на 74,79 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 2 отсто, на 70,17 долари.
Утрово Брент се тргува по цена од 73,88 долари за барел , а ВТИ за 69,30 долари за барел.
На самиот почеток на минатата недела цените значително пораснаа бидејќи Саудиска Арабија најави дека во јули ќе го намали производството за еден милион барели дневно. Но, тие придобивки постепено се стопија, бидејќи серија неодамнешни податоци покажуваат дека растот во најголемите светски економии забавува, што ќе ја ослаби побарувачката.
Забавување на економиите
Меѓу другото, беше објавено дека кинескиот извоз и увоз значително се намалија во мај на годишна основа, па се појасно е дека втората по големина светска економија закрепнува побавно од очекуваното по укинувањето на рестриктивните мерки за коронавирусот.
Трговците беа загрижени и од силниот раст на залихите на гориво во САД, бидејќи тоа укажува на забавување на економијата и послаба побарувачка.
„Вниманието сега се врати на кревката побарувачка“, објаснува Стивен Бренок од PVM.
Споредено со почетокот на годината, цените на нафтата во моментов се во значително негативна состојба, над 10 отсто.











