
Нетфликс ги објави плановите да започне со пренос на спортски настани во живо оваа есен. За почеток, турнир во голф.
Компанијата потврди дека е во рани преговори за пренос на турнирот, на кој учествуваат професионални голфери и возачи на Формула 1. Тоа ќе биде првиот спортски пренос во живо на Нетфликс.
Раководителите на компанијата разговараа и ја анализираа идејата повеќе од една година, пишува Seebiz.
Другите стриминг услуги веќе почнаа да покриваат спортски настани како што се бејзбол и фудбалски игри, додека Нетфликс во минатото пренесуваше само комедија во живо. Емитувањето на спортски настани би можело да биде нова можност за рекламирање, бидејќи Netflix неодамна воведе поевтино ниво на претплата со реклами.











