Познатата француска куќа за изработка на луксузен накит Cartier креираше нова колекција на скапоцени парчиња наречена L’Odyssée de Cartier, инспирирана од магичното замислено патување низ Стариот свет.
Луксузната колекција накит го симболизира патувањето на Одисеј од познатиот еп на Хомер, односно патот до Африка, преку Индија, Кина и Ориентот.
Дијамантска бразлетна со кафен турмалин и обсидијан.
Бразлетна змеј во кинески стил, со розов дијамант изгравиран во форма на Зен градина.
Африкански прстен со кафен турмалин камен.
Прстен од бело злато, 33,42 каратен кафен турмалин, обсидијан и дијаманти.
Бразлетна од дијаманти и платина.
Обетки од обсидијан.
Племенско ланче.
Бразлетна зебра со оникс и дијаманти.
Тути фрути ѓердан од сафири.