ЕЦБ ги подигна каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на 4,0 отсто. Референтната каматна стапка сега е највисока од 2008 година.

Каматната стапка на депозитите е зголемена на 3,5 отсто, што е највисока во последните 22 години.

„Инфлацијата паѓа, но според прогнозите ќе остане на високо ниво предолго. Управниот совет на ЕЦБ е решен навремено да ја потисне инфлацијата до два проценти. Затоа денеска покачи три клучни каматни стапки за 25 базични поени“, се наведува во соопштението на ЕЦБ.
Европската централна банка осми пат по ред ја зголеми референтната каматна стапка, а во последната година таа се зголеми за дури 375 базични поени.
Претходно, на 4 мај, ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на 3,75 отсто. Каматната стапка на депозитите тогаш беше зголемена на 3,25 отсто.