Бил Гејтс се сретна со кинескиот претседател во Пекинг

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, за време на посетата на американскиот бизнисмен на Пекинг во обид да ги поддржи напорите на Кина во медицинските истражувања.

Средбата ја објави кинеската државна телевизија, а се одржа два дена пред долгоочекуваната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во време на дипломатски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон.

„Ти си првиот американски пријател што го запознав оваа година“. Ние отсекогаш сме ги полагале нашите надежи во американскиот народ и се надеваме дека пријателството меѓу двата народа ќе продолжи“, рече Си Џинпинг, пренесуваат кинеските медиуми.

Бил Гејтс беше примен од Си како копретседател на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, се додава во соопштението.

Фото: Facebook